Alma Çekovic
16 Мај 2016•Ажурирај: 18 Мај 2016
ЊУЈОРК (АА) - Мигрантската криза сега е глобален феномен, а едноставно затворањето на границите и одвраќањето на луѓето „нема да функционира”, рече комесарот за бегалци на ОН, Филипо Гранди, пренесува Anadolu Agency (AA).
Гранди, во изјавата за Би-би-си изјави дека повеќе земји треба да им помагаат на оние ретките во носење на товарот, во зголемување на финансиските средства и заштитата на бегалците.
„Минатата година, помалку од еден процент од вкупно 20-те милиони бегалци беа населени во други земји. Бегалците бегаат од конфликти и тешкотии повеќе од било кога во историјата”, рече Комесарот на ОН за бегалци, Филипо Гранди.
Новоименуваниот комесаријат за бегалци изјави дека фактот што Сиријците како бегалци заминуваат кон Источна Азија и Карибите, зборува фактот „ колку стана глобален овој феномен и токму затоа е потребен глобален одговор”.
Како што рече, товарот на згрижување го носат „неколкуте земји кои прифатија стотици илјади бегалци, главно оние кои се наоѓаат во близина на со војна зафатените земји” и дека неколку донатори, седум или осум, обезбедуваат 80 до 90 одсто од средствата за помош.
Гранди призна дека решението барало „многу долг и тежок разговор”, додавајќи дека „едноставните реакции со кои земјите ги затвораат границите и ги враќаат луѓето, нема да функционираат”.