свет

ОН испратија 22 шлепери со хуманитарна помош во сириски Идлиб

Шлеперите со хуманитарна помош денеска преминаа преку граничниот премин во местото Рејханли во турскиот град Хатај

Cem Genco  | 24.01.2020 - Обновена : 26.01.2020
ОН испратија 22 шлепери со хуманитарна помош во сириски Идлиб

ХАТАЈ (АА) - Обединетите нации (ОН) испратија 22 шлепери хуманитарна помош во сирискиот град Идлиб, јавува Агенција Анадолија (АА).

Шлеперите со хуманитарна помош денеска преминаа преку граничниот премин во местото Рејханли во турската област Хатај. Хуманитарната помош ќе биде поделена на жителите во Идлиб и околните места.

Пред почетокот на сириската војна, во Идлиб живееја 2 милиони луѓе, а од почетокот на војната, поради жестоките судири бројот на жителите е преполовен. Во март 2015 година, сириските опозициски сили го зазедоа Идлиб и оттогаш овој регион е средиште на сириската опозиција.

Идлиб така стана засолниште на прогонуваните, а моментално во овој сириски регион живеат 4 милиони луѓе кои се цел на постојани режимски напади и напади на руските сили кои во војната се вклучија во октомври 2015 година.

Со посредство на Турција, Русија и Иран, во текот на мајските преговори во 2017 година во Астана, Идлиб е прогласен за зона за деескалација. Во Сочи 2018 година постигнат е дополнителен договор за примирје во Идлиб и за воспоставување зона на деескалација.

Во согласност со договорот, опозициските сили во октомври го повлекоа тешкото вооружување од регионот, а силите лојални на режимот на Асад не ги стопираа артилериските и воздушните напади во тој регион.

Од потпишувањето на тој договор, во нападите на силите на Асад и неговите сојузници во Идлиб во изминатата година се раселени повеќе од 1,3 милион луѓе. Во нападите се убиени најмалку 1.600 цивили.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın