Emel Öz Gözellik
17 Мај 2018•Ажурирај: 19 Мај 2018
АНКАРА (АА) - „Најмалку две третини од вкупната светска популација до 2050 година ќе живее во градови“, се наведува во извештајот на ОН, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според проценките на Кабинетот за економски и социјални работи на ОН, до 2050 година се очекува дека градовите во светот ќе добијат нови 2,5 милијарди жители, од што се заклучува дека на средината од 21 век во градовите ќе живее вкупно 68 отсто од вкупната светска популација.
Во извештајот се наведува дека во 1990 година само 10 светски градови имале број на жители поголем од 10 милиони, а до 2050 година се очекува дека најмалку 43 градови ќе имаат популација не помала од 10 милиони.
Кога станува збор за бројот на жителите што живеат во градовите, во извештајот на ОН се наведува дека во Азија тој е половина од популацијата, потоа во Северна Америка со 82 отсто жители и 74 отсто жители во Европа. Предвидувањата се дека во наредните нешто повеќе од 30 години, Индија во градовите ќе добие нови 416 милиони жители, Кина 255 милиони и Нигерија 189 милиони.
Главниот град на Индија, Њу Делхи, до 2028 ќе има 29 милиони жители, а бројот на жителите во главниот град на Јапонија за деценија ќе изнесува 37 милиони.