Onur Usta
30 Март 2017•Ажурирај: 31 Март 2017
ПАРИЗ (АА) - Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, по состанокот со германскиот претседател Фран Валтер Штајнмаер во Париз изјави дека по Брегзит се зголемила одговорноста која ја имаат Германија и Франција во ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој истакна дека пријателството помеѓу двете земји трае со години, додавајќи дека Германија и Франција се значајни земји за иднината на ЕУ.
„По одлуката на Велика Британија да ја напушти заедницата, на нас е сега многу поголема одговорност. Во Рим не се присетивме само на минатото на ЕУ, туку направивме значаен чекор и кон иднината”, изјави претседателот на Франција.
Штајнмаер изјави дека за време на денешниот состанок разговарале за прашањата за зголемување на авторитетните трендови во светот, националните и глобални прашања како и ситуацијата во ЕУ по одлуката за Брегзит.
„Франција и Германија требаат да пружат поддршка за во ЕУ да се сочува единството”, изјави Штајнмаер.