Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
свет

Односите меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан по Брексит

По влезот на Хрватска во 2013 година, уште шест балкански држави ја чекаат сличната судбина: Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Албанија, кој заедно претставуваат дом на околу 20 милиони луѓе
Selin Çalık Muhasiloviç
28 Јуни 2016•Ажурирано: 29 Јуни 2016
Односите меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан по Брексит
Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Мнозинството од гласачите во Велика Британија го поддржаа референдумот за напуштање на Европската унија минатиот четврток, шокирајќи ги своите сонародници, пазарот и светот.

Одлуката на Британија да ја напушти Европската унија ќе има политички и економски последици, не само на Британците туку и на балканските земји, може да поминат години пред сето тоа целосно да се сфати.

По влезот на Хрватска во 2013 година, уште шест балкански држави ја чекаат сличната судбина: Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Албанија, кој заедно претставуваат дом на околу 20 милиони луѓе.

Во овие земји, европската интеграција е главниот фокус на националните политики. Србија и Црна Гора веќе ги започнаа преговорите за членство, додека Босна и Херцеговина аплицираше за кандидатски статус. Македонија го доби овој статус во 2005 година, но сè уште не започнала преговори за членство, поради грчкото противење и долготрајниот спор околу името.

Косово доби независност од Србија на 17-ти февруари 2008 година, а сега потпиша Спогодба за стабилизација и асоцијација (SAA) со ЕУ. Косово се надева на брз напредок кон статусот на земја-кандидат, барајќи прво укинување на визите за косовските граѓани кои патуваат во ЕУ.

- Балканските официјални лица загрижени по Брексит -

Балканските официјални претставници изразија загриженост минатиот петок во врска со неизвесната иднина на ЕУ по гласањето на Британија да ја напушти ЕУ, додека ја потврдуваат нивната посветеност на европската интеграција.

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, го нарече резултатот од референдумот „најголемиот земјотрес што ја потресе Европа по паѓањето на Берлинскиот ѕид”.

Тој нагласи дека Владата на Србија ќе продолжи со пристапниот процес кон ЕУ како и со привлекување на странски инвестиции.

Претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, даде изјава за новинската агенција МИНА во која истакна дека земјата ќе продолжи по патот кон ЕУ и е посветена кон европските вредности.

Премиерот на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, рече дека резултатите од Брекситот не треба да имаат влијание врз напорите на БиХ за влез во ЕУ. Тој тврди дека малите држави како Босна и Херцеговина се предодредени да бидат несигурни, освен доколку тие се приклучат кон ЕУ.

„Излегување или придружување кон ЕУ е прашање на јавното мнение, а над 76 отсто од граѓаните на Босна и Херцеговина го поддржуваат пристапот кон ЕУ”, додаде тој.

Албанскиот премиер Еди Рама се огласи во "London Times" за да им каже на политичарите да ја остават Албанија надвор од острата дебата за членството на Велика Британија во ЕУ. Рама напиша дека е „малку чудно” што ја гледа неговата земја што толку расправa за тоа дали на Велика Британија ќе ѝ биде подобро надвор од ЕУ.

Ставајќи јасно до знаење како би гласал тој, доколку е британски државјанин, Рама заклучи: „Повеќето земји од рабовите на Европа сакаат внатре, бидејќи знаеме каква исклучителна добробит е тоа за земјите од ЕУ. Не можам да верувам дека може да биде во интерес на Велика Британија да гледа модел во Албанија или да го емулира сегашниот статус на албанско-европските односи. Ние самите не сме заинтересирани за статус кво. Зошто некој во Велика Британија би бил?”

- Влијанието на Брексит врз односите на Балканот со ЕУ -

И покрај силните реакции од страна на лидерите во регионот во насока на минимизирање на потенцијалните влијанија на Брексит, три дена по гласањето започнаа да се појавуваат првите проблеми. Земјите-членки на ЕУ во понеделникот повторно не успеаа да се согласат за отворање на поглавјето 23 од преговорите за пристапување на Србија во ЕУ.

Во отсуство на потребниот консензус за отворање на 23-то и 24-то поглавје во преговорите со Србија, прашањето може да се одложи за јули или септември оваа година.

Анализирајќи ги можните сценарија кои произлегоа од гласањето минатиот четврток, професорот на Југоисточниот европски универзитет за историја и политика во Грац, Флоријан Бајбер смета дека Западниот Балкан не само што го губи својот главен поддржувач за проширувањето, туку Брексит ќе ја консумира политиката на ЕУ и бирократскиот апарат со години и ќе го намали интересот за проширување.

„На крај, Брекситот во голема мера ќе ја намали движечката сила за пристапување а на тој начин и стимулот за демократски реформи во регионот”, додаде тој.

Комесарот на ЕУ за проширување, Јоханес Хан, во Виена во петокот изјави дека исходот од референдумот во Велика Британија во врска со ЕУ не смее и нема да го запре процесот на проширување на ЕУ.

„ЕУ сè уште е посветенa на проширувањето, не постои сомнеж околу тоа - ние продолжуваме со работите кои ги започнавме, на кои има уште многу да се работи”, изјави Хан на конференцијата за јавна администрација како темел на европската интеграција.

Многу е постигнато на Балканот во последните неколку години и ние не треба да станеме „уморни или очајни” по референдумот во Велика Британија во четвртокот, додаде тој.

Професорот на америкaнскиот Универзитет „Џон Хопкинс” и балканолог, Даниел Сервер, коментираше за исходот од референдумот фокусирајќи се на бенефитот за Русија.

„Балканот ќе страда од Брекситот. Брекситот ќе ја отвори вратата за зголемување на влијанието на Русија во балканските земји. Владимир Путин сигурно ќе го зголеми притисокот врз Србија, Република Српска и Македонија со цел да ги одврати од вратите на ЕУ и НАТО”, рече тој.

related_topics:
ХанЗападен БалканЕУВелика БританијаБрексит
news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
Кан: На Лондон му е потребна поголема автономија

Кан: На Лондон му е потребна поголема автономија

Следно

ОН ја повика Велика Британија да ја спречи ксенофобијата по референдумот

ОН ја повика Велика Британија да ја спречи ксенофобијата по референдумот

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Маршаловиот план“ на ЕУ за Тунис

„Маршаловиот план“ на ЕУ за Тунис

ЕУ уште еднаш повика на примирје во Алепо поради хуманитарна помош

ЕУ уште еднаш повика на примирје во Алепо поради хуманитарна помош

Велика Британија и Франција со построги мерки против онлајн-екстремизмот

Велика Британија и Франција со построги мерки против онлајн-екстремизмот

Паника во Велика Британија откако група мигранти го преминаа Ла Манш

Паника во Велика Британија откако група мигранти го преминаа Ла Манш

Чавушоглу: „Време е да се отвори нова страница во процесот за пристапување во ЕУ“

Чавушоглу: „Време е да се отвори нова страница во процесот за пристапување во ЕУ“

Британската амбасада ги советувала Авганистанците да одат на влезот на аеродромот каде што се случи терористичкиот напад

Британската амбасада ги советувала Авганистанците да одат на влезот на аеродромот каде што се случи терористичкиот напад

Еврокомесарот Вархеји во посета на Северна Македонија

Еврокомесарот Вархеји во посета на Северна Македонија

ЕУ вети дополнителни 1,06 милијарди долари за поддршка на сирискиот народ

ЕУ вети дополнителни 1,06 милијарди долари за поддршка на сирискиот народ

Хамза Јусаф положи заклетва како премиер на Шкотска

Хамза Јусаф положи заклетва како премиер на Шкотска

ЕУ го зголемува производството на оружје за Украина

ЕУ го зголемува производството на оружје за Украина