Gamze Türkoğlu Oğuz
15 Септември 2019•Ажурирај: 18 Септември 2019
МАНАГВА
Владата на Никарагва соопшти дека го забранила влезот во земјата за седум претставници на Организацијата на американските држави (OAS), пренесува Anadolu Agency (AA).
Наироби Оливас, студентски лидер и член на опозициската Коалиција на Никарагва, во интервју за „Асошиејтед прес“ (Associated Press) изјави дека од Секретеријатот на OАД бил информиран дека Владата на Никарагва утре нема да им дозволи влез на седум претставници на Организацијата кои планирале да ја посетат земјата.
Оливас изјавил дека петмина од седумте члена на ОАД на кои им е забранет влезот во земјата се дел од специјално специјалната формираната комисија која требало да ја набљудува политичката криза во земјата, додавајќи дека за време на посетата било планирано Оливас да се состане со членовите на Комисијата.
Азахалеа Солис, лидерот на Граѓанската алијанса формирана од страна на опозицијата, изјави дека по оваа одлука на Владата веднаш ќе направат проценка на ситуацијата.
Граѓанската алијанса во јули испрати писмо до Организацијата на американските држави која е посредник во преговорите со Владата, информирајќи ја дека е повторно подготвена да седне на преговарачка маса за решавање на кризата до која дојде по минатогодишните протести против власта.
Преговорите меѓу претставниците на претседателот на Никарагва, Даниел Ортега и Граѓанската алијанса формирана од опозицијата, започна во февруари.
- Протести против владата во Никарагва
Протестите организирани во Никарагва против реформите во социјалното осигурување, минатата година во април прераснаа во демонстрации од широки размери.
Интерамериканската комисија за човекови права објави дека на протестите животот го загубиле 325 лица, а локалните организации информираа дека бројот на загинати изнесува 594. Владата на Никарагва имаше соопштено дека во протестите животот го загубиле 199 лица.
Демонстрантите бараат оставки од претседателот Ортега и на владата на Сандинистичкиот фронт за национално ослободување (FSLN).