Berk Kutay Gökmen
10 Септември 2026•Ажурирано: 10 Септември 2026
Повеќе американски воени авиони претрпеа оштетувања при иранските напади извршени во текот на ноќта меѓу вторникот и средата (по локално време) врз воздухопловната база „Мувафак Салти“ во Јордан, објави „Си-би-ес њуз“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, пренесува Анадолу.
Според наводите на изворите, околу осум ловци Ф-15 претрпеле помали оштетувања, но подоцна биле вратени во оперативна употреба.
Исто така, погоден бил и авион А-10 „Тандерболт“ познат како „Вортхог“, при што, според изворите, наводно изгубил едно крило.
Нема извештаи за жртви меѓу американските сили од нападите во Јордан.
Оштетувањата се случија откако САД во вторникот соопштија дека нападнале пет ирански танкери како одмазда за иранскиот напад врз брод на американската морнарица.
Иранската Исламска револуционерна гарда подоцна соопшти дека извршила напади врз осум танкери и два воени брода, како и врз американската база во Јордан.
Во веста се наведува и дека американските сили во Јордан истрелале повеќе од 30 ракети „Патриот“ за одбрана од иранските напади.
Нападите се случуваат во период кога американските официјални претставници изразуваат загриженост поради брзото намалување на залихите на ракети „Патриот“, како и на други видови прецизно наведувана муниција.