свет

Најмалку две лица загинаа, 21 се повредени во серија експлозии во Авганистан

Иако досега никој не презеде одговорност за ниту еден од нападите, локалната терористичка група ДЕАШ-Хорасан се сомничи дека е вмешана во нападите

Shafiq Ahmad Qureshi  | 18.09.2021 - Обновена : 19.09.2021
Најмалку две лица загинаа, 21 се повредени во серија експлозии во Авганистан Фото: Haroon Sabawoon/AA

КАБУЛ (АА) - Најмалку две лица загинаа, а 21 се повредени во серија експлозии во Авганистан, први откако американските сили ја напуштија земјата разорена од војна на 31 август и откога талибанците ја формираа привремената влада, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според изворите, три експлозии се случиле една по друга во источниот град Џалалабад и уште една во главниот град Кабул.

Во експлозиите, според државната болница во Џалалабад, загинале две лица, додека 19 лица, меѓу кои и припадници на талибанците, се повредени.

„Возило на талибанците беше цел на првата експлозија во подрачјето на Ангорбаг, во која загинале три лица“, истакна очевидец.

Две лица се повредени во експлозијата што се случи нешто пред пладне во кабулската населба Даш-е-Барчи, според изворите, кои додадоа дека експлозијата била предизвикана од магнетна бомба во автомобил.

Талибанците сè уште не излегоа со соопштение за жртвите.

Иако досега никој не презеде одговорност за ниту еден од нападите, локалната терористичка група ДЕАШ-Хорасан се сомничи дека е вмешана во нападите бидејќи двете групи војуваат меѓусебно со години.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın