свет

Најмалку 9 лица загинаа откако возач со возило влета во толпа луѓе во Канада

- Полицијата објави дека возачот на возилото е приведен, но не се дадени детални информации за бројот на загинати и повредени лица.

Aynur Şeyma Asan  | 27.04.2025 - Обновена : 28.04.2025
Најмалку 9 лица загинаа откако возач со возило влета во толпа луѓе во Канада

ВАНКУВЕР (АА) — Според првичните извештаи 9 лица загинаа, а неколкумина се повредени кога маж со автомобил влетал во толпа луѓе на уличен фестивал во Ванкувер, Канада, известува Анадолу.

Полициската управа на Ванкувер објави соопштение во врска со инцидентот на платформата X.

Во соопштението се наведува дека според првичните информации 9 лица загинале, а неколкумина се повредени, кога маж со своето возило влетал во толпа луѓе на уличен фестивал на филипинската заедница околу 20:00 часот по локално време.

Полицијата објави дека возачот на возилото е приведен, но не се дадени детални информации за бројот на загинати и повредени лица.

Во соопштението се наведува дека „потврдено е дека инцидентот не е терористички чин“.

- Сочувство и порака за брзо оздравување од канадскиот премиер Карни

Канадскиот премиер Марк Карни, во објава на својот профил на платформата X, изрази длабоко жалење поради она што се случи за време на фестивалот Лапу Лапу на филипинската заедница.

Премиерот Карни изрази сочувство до семејствата на загинатите и желби за брзо закрепнување на повредените, нивните семејства и филипинската заедница во земјата, и додаде дека внимателно ја следат ситуацијата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.