Riyaz Khaliq Khaliq
07 Февруари 2024•Ажурирај: 08 Февруари 2024
МАНИЛА (АА) - Најмалку 46 лица се водат за исчезнати откако два автобуса се затрупани од свлечиште на Филипини, пренесува Анадолу.
„Инцидентот се случи доцна синоќа на локација на компанијата 'Апекс Мининг компани' во подрачјето Мако, во провинцијата Давао де Оро, во регионот Минданао“, објави „Раплер њуз” од Манила.
Телата на шест лица се извлечени од калта и камењата, а филипинските војници им се придружија на службите за потрага и спасување за да ги пронајдат исчезнатите лица.
Свлечиштето, околу 19:30 часот во вторникот, затрупа два автобуса со работници на местото каде што чекале поаѓање на возилата.
Во веста се наведува дека 31 лице се повредени и се наоѓаат на лекување, а стотици семејства се евакуирани од тоа подрачје.