Ayşe Doğru
06 Август 2019•Ажурирај: 07 Август 2019
ВЕЛИНГТОН (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека е уверен дека Соединетите Американски Држави (САД) нема да ја напуштат организацијата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Столтенберг, во изјавата за медиумите за време на посетата на Нов Зеланд истакна дека верува во тоа дека Соединетите Американски Држави и понатаму ќе останат во НАТО, дека алијансата не видела таква веројатност и оти немаат подготовки во таа насока.
Тој наведе дека двете страни ги поддржуваат САД да останат во НАТО и додаде дека Соединетите Американски Држави со зголемување на военото присуство во Европа го покажале тоа на дело.
Генералниот секретар Столтенберг, исто така изјави дека ќе биде исполнет повикот на американскиот претседател Доналд Трамп за тоа другите земји членки на НАТО да придонесат повеќе за Унијата.
„Њујорк тајмс“ (The New York Times) напиша дека Трамп во 2018 година со своите високи советници многупати разговарал за повлекување од НАТО.