Murat Ünlü
22 Август 2017•Ажурирај: 22 Август 2017
ПАРИЗ (АА) - Францускиот обвинител Савие Тарабу изјави дека напаѓачот кој вчера на две автобуски станици со своето возило влета во луѓето што чекаа автобус имал психички проблеми, но додаде дека таквата ситуација не е пречка против напаѓачот да биде отворена судска постапка, јавува Anadolu Agency (AA).
Обвинителот Тарабу, кој го води судскиот процес во Марсеј, ги информираше француските медиуми дека напаѓачот е лице на 30-годишна возраст, кој поради кражба во 2015 година бил казнет со 3 години затвор, но бил условно помилуван.
Обвинителот Тарабу истакна дека напаѓачот пред 3 дена, со возилото што го користел, накусо бил приведен од страна на француската полиција.
Тој истакна дека напаѓачот извесен период бил под психијатриска терапија, но сите овие состојби не се пречка за да се започне судска постапка против него.
Напаѓачот со пауза од 1 час, вчера со своето возило влета во луѓе кои чекаа на две автобуски станици во Марсеј, каде што има голем број туристи. Во нападите животот го загуби едно лице, а едно лице е повредено.