свет

Напад со нож во близина на поранешната зграда на „Шарли Ебдо“ во Париз: Ранети 4 лица

- Во соседството на поранешната зграда на сатиричното списание „Шарли Ебдо“ во Париз едно лице изведе напад во кој се ранети четири лица,

Alaattin Doğru  | 25.09.2020 - Обновена : 26.09.2020
Напад со нож во близина на поранешната зграда на „Шарли Ебдо“ во Париз: Ранети 4 лица

ПАРИЗ 

Во соседството на поранешната зграда на сатиричното списание „Шарли Ебдо“ во Париз едно лице изведе напад во кој се ранети четири лица, известува Агенција Анадолија (АА).

Според веста што ја објавија француските медиуми, на улицата „Николас Аперт“ во подрачјето 11. каде што се наоѓаше поранешната зграда на „Шарли Ебдо“, еден напаѓач со остро орудие - нож или сатар - ги нападнал околните лица.

Во нападот се повредени четири лица, од кои двајца потешко, а напаѓачот успеал да избега од местото на нападот. Од друга страна, се дознава дека во тоа подрачје е оставен еден сомнителен пакет.

Полицијата на Париз преку социјалните мрежи објави дека на теренот се наоѓаат полициски екипи, упатувајќи повик до населението да не влегува во тоа подрачје.

Француското сатирично списание „Шарли Ебдо“ во јануари 2015 година објави навредливи карикатури на пророкот Мухамед, кои беа реобјавени на 1 септември. Претседателот на Франција, Емануел Макрон, на оваа тема изјави дека активностите на списанието претставуваат „слобода на изразување“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.