Ekipa
28 Август 2017•Ажурирај: 28 Август 2017
БЕРЛИН (АА) - Изјавата на кандидатот на екстремно-десничарската „Алтернатива за Германија“ (AfD) за местото премиер Александер Гауланд дека од државната министерка за интеграции, Ајдан Озогуз, „ќе се ослободат како од ѓубрето“, предизвика бурни реакции, јавува Anadolu Agency (AA).
Гауланд при обраќањето пред членовите на партијата во Ајхсфелд, во сојузата покраина Тирингија, ја критикуваше претходната изјави на Озогуз кога таа изјавила дека „специфичната германска култура е невозможно да се дефинира, освен јазикот“.
„Повикајте ја во Ајхсфелд и појаснете и што е специфична германска култура. Таа повеќе никогаш нема да дојде тука и ние со Божја помош ќе се решиме од неа во Анадолија“, изјави Gauland.
Германскиот весник „Bild“ јавува дека овие зборови на Гауланд добиле аплауз од присутните.
Гауланд притоа го користе германскиот термин ”entsorgen” што обично значи да се уништи, да се ослободи како од ѓубрето, при што предизвика критики од корисниците на социјалните мрежи.
Членката на Социјалдемократската партија на Германија (SPD), Бриџит Сипел оваа изјава на Гауланд ја опиша како расистичка и нечовечка, и ги повика гласачите на 24. септември да покажат црвен картон на АфД.
Потпретеседателот на СПД, Ралф Стегнер, на социјалната мрежа Твитер реагираше на зборовите на Гауланд.
„Гауланд, кој е таен лидер на АфД, со застрашувачка омраза ја напаѓа нашата министерка за интеграции“, напиша Стегнер кој ја додаде етикета „Никогаш повеќе радикална десница“.
Заменичката на поранешниот портпарол на министерот за надворешни работи на Германија, Савсан Чебли, на Твитер напиша дека треба да се гледа дека секој оној што гласа за АфД, го дава својот глас на расисти.
Таа ги повика сите демократски слоеви да бидат единствени против АфД.
Гауланд претходно изјави дека во Германија нема место за исламот.
Последните анкети на јавното мислење покажуваат дека АфД на изборите би можела да добие околу десет отсто од гласовите, и со тоа за првпат да влезе во парламентот.