Atila Altuntaş
08 Август 2022•Ажурирај: 09 Август 2022
СТОКХОЛМ (АА) – Припадниците на терористичката организација кои Шведска се подготвува да ѝ ги предаде на Туркије (Турција) може да поднесат барање за азил во Норвешка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Лине Захл Квакланд, раководител на Одделот за азил на Норвешката канцеларија за имиграција, за весникот „Класекампен“ истакна дека доколку овие луѓе (членови на терористичката организација кои Шведска се подготвува да ги предаде на Туркије) поднесат барање за азил во Норвешка, нивните барања ќе бидат прифатени и ќе се испитуваат на вообичаен начин.
Во врска со тврдењето за барање азил во Норвешка, професорот Терје Еинарсен, експерт за меѓународно право и бегалци, истакна дека тоа е тешко изводливо и дека Туркије силно ќе се спротивстави на таа ситуација.
Еинарсен, потсетувајќи на договорот што Шведска го направи со Туркије како предуслов за членство во НАТО, рече дека овој договор ги опфаќа сите земји од НАТО.
Од друга страна, на Самитот на НАТО што се одржа во Мадрид, главниот град на Шпанија, беше потпишан трилатерален меморандум меѓу Туркије и Финска и Шведска, кои аплицираа за членство во НАТО, за да се одговори на загриженоста на Туркије.