Emel Öz Gözellik
21 Февруари 2019•Ажурирај: 21 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Во фабрика во Мјанмар избувна пожар, во кој животот го загубија 6 лица, а 13 се повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на новинската агенција „Синхуа“, Министерството за информации издало соопштение во кое се вели дека во индустриската зона на градот Вар Тајар, во една фабрика за иверица избувнал пожар.
Во пожарот животот го загубиле 6-мина работници, а 13 се повредени.
Во тек е истрага за откривање на причините за појавата на пожарот.