свет

Москва се противи на новите американски санкции кон Иран

„Сметаме дека овие санкции се нелегални. Тоа е сѐ што може да се каже“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите во Москва

Elena Teslova  | 24.06.2019 - Обновена : 25.06.2019
Москва се противи на новите американски санкции кон Иран

МОСКВА (АА) - Москва го критикуваше натамошното заострување на санкциите на Соединетите Американски Држави (САД) за Иран, јавува Anadolu Agency (AA).

„Сметаме дека овие санкции се нелегални. Тоа е сѐ што може да се каже“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите во Москва.

Во саботата, американскиот претседател, Доналд Трамп, вети значително заострување на рестриктивните мерки против Иран.

Тензиите меѓу САД и Иран се во пораст од мај 2018 година, кога Вашингтон еднострано се повлече од историскиот договор за нуклеарната програма меѓу Техеран и петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, плус Германија и ЕУ.

САД оттогаш започнаа дипломатска и економска кампања за зголемување на притисокот врз Иран, со цел да го принудат на повторни преговори за договорот.

Дел од кампањата вклучуваше и повторно воведување американски санкции за извозот на иранската сурова нафта, кои имаа за цел слабеење на иранската економија.

САД, исто така, го зголемија своето воено присуство на Блискиот Исток, распоредувајќи носач на авиони, сили за бомбардирање, како и ракетни батерии „Патриот“, користејќи ги заканите на Иран како оправдување за тоа.

Конфронтацијата дојде до опасна точка кога американскиот претседател, Доналд Трамп, во петокот рече дека во последен момент го откажал одмаздничкиот напад врз ирански цели, во кој би загинале 150 лица, нарекувајќи го непропорционален одговор на соборувањето на американското беспилотно летало од страна на Иран минатата недела.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın