свет

Министерката за надворешни работи на Германија: „Туркије е незаменлив партнер“

- Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Баербок, истакна дека Туркије (Турција) е незаменлив партнер

Erbil Başay  | 28.07.2022 - Обновена : 29.07.2022
Министерката за надворешни работи на Германија: „Туркије е незаменлив партнер“

БЕРЛИН (АА) - Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Баербок, истакна дека Туркије (Турција) е незаменлив партнер, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Баербок пред денешната посета на Грција и утрешната на Туркије даде писмено соопштение.

Наведувајќи дека единството меѓу НАТО-сојузниците и европските партнери е поважно од кога било досега, Баербок рече дека посетите на Грција и Туркије ги остварува во овој период.

Истакнувајќи дека безбедноста на Медитеранот ќе биде една од важните точки на агендата за време на нејзините разговори со Туркије, Баербок рече: „Нашата порака тука ќе биде ‘проблемите треба да се решаваат преку преговори, а не со ескалација на тензиите‘. Туркије е незаменлив партнер за нас и е земја која е многу повеќе поврзана со нашата земја отколку со која било друга земја.“

Нагласувајќи дека не сакаат да се дистанцираат политички поради овие причини, Баербок нагласи: „Како и во секоја блиска врска, ќе разговараме отворено меѓу себе. Ќе разговараме за посредувањето на Туркије во Црното Море, кое носи трошка надеж за милиони луѓе за да се избегне уште полоша криза со глад. За заедничко планирање во НАТО.“

Министерката за надворешни работи, Баербок, истакна дека ќе разговараат и за прашања за кои имаат суштински разлики со Туркије.


- Посета на Грција

Баербок наведе дека ќе ја посети и Грција, земја која е една од блиските партнери во Европа.

Истакнувајќи дека голем број Германци ја знаат Грција како дестинација за одмор, Баербок рече дека малкумина знаат за обемот на злосторството што Германија го изврши таму за време на нацистичката окупација во Втората светска војна.

„За мене е важно да се одржи овој спомен. Тоа е предуслов за добра иднина“, нагласи Баербок.

Меѓу другото, Баербок истакна дека за време на посетата сака на самото место да оцени што може да направат како Европска Унија (ЕУ) за безбедноста на заедничките граници и дека задачата што ја презема Грција во таа насока е голема и заслужува солидарност.

Баербок планираше Грција и Туркије да ги посети на 8-10 јуни, но ги одложи овие посети откако тестот за Ковид-19 ѝ беше позитивен при нејзината посета во Пакистан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.