Mohammad Farid Mahmoud Abdullah,Ekrem Biçeroğlu
30 Март 2021•Ажурирај: 31 Март 2021
КАИРО
Сајтовите што го следат движењето на бродовите во светот потврдија дека премините во Суецкиот Канал целосно се вратиле во нормала по успешните работи за одблокирање на гигантскиот товарен брод, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според двете веб-страници „Vesselfinder“ и „Marinetraffic“, кои ја следат поморската навигација, има метеж само поради густината на бродовите што се акумулираат на влезот и излезот од Суецкиот Канал.
Освен тоа, активностите за преминување на бродовите преку Суецкиот Канал се целосно вратени во нормала.
На 24 март, во Суецкиот Канал, еден од најважните водни патишта во светот, гигантскиот контејнерски брод се насука поради намалувањето на видливоста, песочната бура и лошите временски услови.
Како резултат на заглавувањето на бродот „Евер гивен“ позајмен од тајванската компанија „Евергрин“, во Суецкиот Канал се формираа долги редици бродови и имаше нарушувања во пратките од сурова нафта и ЛНГ поради прекинот на морскиот сообраќај.
Нефункционирањето на каналот секој ден ја чинеше светската и економијата на Египет милијарди долари.
Се проценува дека Египет дневно претрпел околу 12-14 милиони долари загуба како резултат на заглавувањето на бродот „Евер гивен“, додека дневната штета во глобалната трговија е околу 10 милијарди долари.