Murat Ünlü
19 Јуни 2017•Ажурирај: 19 Јуни 2017
ПАРИЗ (АА) - Според излезните анкети за резултатите од вториот круг на парламентарните избори во Франција, коалицијата под водство на движењето „La Republique En Marche!“ (РЕМ), на претседателот Емануел Макрон, оформи мнозинството во Националното собрание, јавува Anadolu Agency (AA).
Заврши процесот на гласање во вториот круг од парламентарните избори на територијата на Франција, којшто започна вчера во 08:00 часот.
Според излезните анкети за резултатите од изборите, направени од страна на ТВ-каналот „France 2“ (Франс 2), коалицијата којашто се состои од РЕМ и Демократското движење (МОДЕМ), освојувајќи 355 пратенички места во Националното собрание, коешто вкупно има 577 пратенички места, оформи мнозинство за влада.
Според резултатите од вториот круг на изборите, коалицијата под водство на централно-десничарската Републиканска партија (ЛР) остана со 125 пратенички места, додека коалицијата предводена од Социјалистичката партија (ПС) успеа да освои само 49 пратенички места.
Од друга страна, партијата Национален фронт (ФН) од екстремната десница освои само осум пратенички места, а коалицијата во којашто спаѓа и движењето „Непокорена Франција“, ќе биде претставена со 30 пратеници.
Како резултат на изборите, значаен број пратеници во Националното собрание ќе бидат променети. Излезноста на изборите е 43 проценти и е на најниското ниво во историјата на петтата француска република.