Lokman İlhan
20 Април 2017•Ажурирај: 20 Април 2017
БОГОТА (АА) - Во лизгање на земјиштето што се случи вчера, во колумбискиот град Maнизалес загинаа 17 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Осум лица исчезнаа во Maнизалес, кој е главен град на областа на Калдас, во централниот дел на земјата. Потрагата по исчезнатите е во тек.
Областа погодена од несреќата беше посетена од страна на претседателот Хуан Мануел Сантос, кој соопшти дека последиците од лизгањето на земјиштето ги почуствуваа околу 80 куќи и ја истакна загриженоста оти бројот на жртвите може да порасне.
Градоначалникот на Maнизалес, Жозе Октавио Кардона изјави дека во текот на ноќта наврна многу дожд, односно количество колку што во просек врне во текот на еден месец.
Лизгањето на земјиштето погоди 25 населби, а во некои делови од градот ја прекина дистрибуцијата на електрична енергија, вода и гас.