Ahmed Asmar
09 Април 2024•Ажурирај: 11 Април 2024
АМАН (АА) - Лидерите на Јордан, Египет и Франција ја истакнаа потребата од итен прекин на огнот во Газа, јавува Анадолу.
Во статија објавена во јорданскиот весник „Ал Раи“, египетскиот весник „Ал Ахрам“, францускиот весник „Ле Монд“ и американскиот весник „Вашингтон пост“, лидерите рекоа дека „дводржавното решение е единствен веродостоен пат за гарантирање мир и безбедност за сите".
Кралот Абдула Втори, Абдел-Фатах ал-Сиси и Емануел Макрон повикаа на итна и безусловна имплементација на Резолуцијата 2728 на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), предупредувајќи на опасните последици од израелската офанзива врз градот Рафа во јужниот дел на Газа.
Во статијата „лидерите, исто така, ги повикаа сите актери да се воздржат од каква било ескалирачки акции или унилатерални мерки, нагласувајќи ја важноста од почитување на историскиот и правниот статус кво во муслиманските и христијанските свети места во Ерусалим (Кудс) и улогата на јорданскиот вакаф под водство на Хашемитите“.
Претходно вчера, по долгите состаноци, делегациите од Израел и палестинската група Хамас го напуштија Каиро по индиректните разговори преку египетски и катарски посредници.
Тел Авив верува дека 134 Израелци сѐ уште се држат во Газа, а Израел држи околу 9.100 Палестинци во своите затвори.
Индиректни разговори меѓу Израел и Хамас се водат и во Каиро и во Доха, со цел да се постигне договор што предвидува размена на затвореници според кој израелските заробеници ќе бидат ослободени во замена за ослободување на Палестинците од израелските затвори.
Израел спроведува смртоносна воена офанзива на палестинските територии по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври, во кој загинаа речиси 1.200 луѓе.
Израел спроведува смртоносна воена офанзива на палестинската територија по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври во кој загинаа речиси 1.200 лица.
Во израелските напади, кои оттогаш започнаа врз Појасот Газа загинаа над 33.200 Палестинци, а речиси 76.000 се повредени, се предизвика масовно уништување и недостиг на неопходни средства за живот.
Советот за безбедност на ОН на 25 март донесе резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа за време на светиот муслимански месец Рамазан. Хамас ја поздрави резолуцијата, но Израел го отфрли повикот за прекин на огнот и вети дека ќе ја продолжи својата војна против палестинската енклава.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во јануари донесе привремена одлука со која му беше наложено да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да гарантира дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Газа.