Nur Asena Ertürk,Mustafa Talha Öztürk
23 Март 2024•Ажурирај: 26 Март 2024
БРИСЕЛ (АА) - Министерствата за надворешни работи на неколку европски земји изразија сочувство до семејствата на загинатите и повредените во вооружениот напад и експлозијата што се случија во вчера во концертна сала во Москва, известува Анадолу.
Вооружени лица убија 93, а ранија 145 луѓе во нападот во концертната сала „Крокус Сити Хол“ во близина на Москва, објави Рускиот истражен комитет.
„Ужасни се сцените на нападот врз невините луѓе. Позадината на нападот мора брзо да се истражи. Наше најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите“, соопшти германското Министерство за надворешни работи.
Француското министерство, исто така, ги опиша сцените од нападот како ужасни.
„Нашите мисли се со жртвите, повредените и рускиот народ. Овој грозоморен чин мора да се расветли“, се вели во соопштението.
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави дека ја следат ситуацијата по нападот и остро ги осуди сите форми на тероризам и изрази солидарност со семејствата на жртвите.
Петер Стано, портпаролот на Европската унија (ЕУ), објави дека европскиот блок е „шокиран и згрозен од вестите за терористичкиот напад во Москва“.
„ЕУ ги осудува сите напади врз цивили. Нашите мисли се со сите погодени руски граѓани“, додаде Стано.
Инцидентот се случи во Красногорска, административен центар во Московската област, каде според првичните информации, во концертната сала „Крокус Сити Хол“ требало да настапи музичкиот состав „Пикник“.
Подоцна на настанала и експлозија која предизвикала голем пожар. Министерството за вонредни состојби информираше дека околу третина од зградата била зафатена од пожарот, а неколку хеликоптери работеле на негово гасење.