Aydoğan Kalabalık
18 Март 2020•Ажурирај: 19 Март 2020
ТРИПОЛИ (АА) – Режимот на Асад, Хезболах и Иран испраќаат борци во Либија за поддршка на Калифа Хафтар, водачот на илегалните вооружени сили на истокот од Либија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението од Министерството за внатрешни работи на Владата за национално единство на Либија, која е признаена од Обединетите нации (ОН), Сирија преку авиокомпанијата „Шам вингс“ („Cham Wings“), однела борци во градот Бенгази, на истокот на Либија, каде што се наоѓа центарот на Хафтар.
Во соопштението се истакнува дека борците поврзани со режимот на Асад, Хезболах, Иранската револуционерна гарда и со руската безбедносна компанија „Вагнер“ се пренесени во Бенгази.
Делегација на високо ниво од Бенгази на 1 март го посети Дамаск и се состана со Башар ал Асад.
Непосредно по посетата, режимот на Асад ја предаде либиската Амбасада во Дамаск на таканаречената влада на Калифа Хафтар, спротивно на одлуката на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН).