Diyar Güldoğan
07 Декември 2018•Ажурирај: 09 Декември 2018
БЕЈРУТ (АА) - Либан планира да поднесе жалба против Израел до ОН, поради дипломатските и политичките кампањи за подготовки на напади врз него, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Министерот за надворешни работи, Гебран Басил, упати инструкции до постојаната либанска претставничка во ОН, амбасадорката Амал Мудалали, да поднесе жалба“, беше соопштено вчера од Министерството за надворешни работи на Либан.
Од Министерството истакнаа дека Израел пробил во националната комуникациска мрежа и пратил снимени телефонски пораки на жителите на селото Кфар Кила, во кои се предупредени дека либанската територија би можела да биде бомбардирана и дека нивните животи би можеле да бидат загрозени.
Израелската Војска во вторникот објави дека на границата со Либан е откриен прекуграничен тунел. Во соопштението израелската Војска нагласи дека тунелот го ископала либанската група Хезболах, јужно од селото Кфар Кила.
Претходно во вторникот израелската Војска започна акција за да се откријат и затворат прекуграничните тунели кои Хезболах ги ископа по должината на границата со Либан.
Израел во 2006 година започна нова војна против Хезболах, за време на која се убиени најмалку 1.200 лица, претежно либански цивили.