Sinan Doğan, Muhammed Emin Canik
07 Септември 2021•Ажурирај: 08 Септември 2021
БОГОТА
Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка. Во моментов Мексико со 330 починати е земја со најголем број смртни случаи во едно деноноќие на овој континент, по која следува Бразил со 182, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие во оваа земја починале 182 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 583.810.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 9.154, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 20.899.933.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 19.894.660 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 330 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 5.127 новозаразени.
Мексиканските власти информираа дека досега во земјата се регистрирани 263.470 смртни случаи, а вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 3.433.511. Досега во оваа земја оздравеа 2.782.729 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е 4. земја во светот, по САД, Бразил и Индија, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 162 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 112.673. Во истиот период детектирани се 3.893 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 5.207.695.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 4.905.843 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина, според бројот на лица позитивни на вирусот, се наоѓа на 8. место во светот.
- Гватемала
Според вестите објавени во медиумите во Гватемала, во последните 24 часа регистрирани се 50 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, вкупно 12.315 од почетокот на епидемијата на коронавирусот во оваа земја. Во истиот период детектирани се 640 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се искачи на 488.538.
Досега во оваа земја оздравеа 427.957 лица кои биле заразени со коронавирусот.