свет

Латинска Америка: Над 2.000 починати лица поради Ковид-19 и во Бразил и во Мексико

Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 2.616 лица во Бразил, 2.192 во Мексико, 297 во Аргентина, 325 во Колумбија, 384 во Перу, 105 во Чиле, 117 во Еквадор, 51 во Парагвај и на 52 лица во Уругвај.

Sinan Doğan, Muhammed Emin Canik  | 11.04.2021 - Обновена : 13.04.2021
Латинска Америка: Над 2.000 починати лица поради Ковид-19 и во Бразил и во Мексико

БОГОТА

Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 2.616 лица во Бразил, 2.192 во Мексико, 297 во Аргентина, 325 во Колумбија, 384 во Перу, 105 во Чиле, 117 во Еквадор, 51 во Парагвај и на 52 лица во Уругвај.

Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 2.616 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 351.334.

Бројката на починати во текот на последното деноноќие претставува највисока бројка на починати од почетокот на пандемијата во Бразил на дневна основа.

Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 71.832, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 13.445.006.

По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот и според бројот на починати. Во оваа земја досега оздравеа 11.838.564 лица претходно позитивни на Ковид-19.


- Мексико

Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 2.192 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 6.356 новозаразени.

Во Мексико досега се регистрирани 209.212 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.278.420, а досега оздравеа 1.807.676 лица позитивни на Ковид-19.

Мексико е трета земја во светот, по САД и Бразил, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразеност со Ковид-19.

Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 14. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19, според веб-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.


- Аргентина

Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 297 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 57.647. Во истиот период детектирани се 19.419 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 2.517.300.

Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 2.217.783 лица заразени со коронавирусот.

Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 13. место во светот.


- Колумбија

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 325 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 65.608.

Во последното деноноќие детектирани се 14.509 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 2.518.715. Во оваа земја досега оздравеа 2.375.176 заразени со Ковид-19.

Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 12. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.


- Перу

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 384 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 4.164 новозаразени.

Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.639.767, од кои починаа 54.669 лица, а оздравеа над 1.557.779 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.


- Чиле

Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 105 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја на 24.213.

Во истиот период регистрирани се нови 8.124 случаи на заразеност со Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број лица позитивни на коронавирусот на 1.068.522, а оздравеа вкупно 998.400 лица претходно заразени со коронавирусот.


- Еквадор

Според соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 117 смртни случаи, вкупно 17.275 од почетокот на пандемијата.

Во истиот период детектирани се 2.199 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 344.877.

Досега во Еквадор оздравеа 290.314 лица што биле позитивни на коронавирусот.


- Парагвај

Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 51 смртен случај како последица на заразеност со Ковид-19, а детектирани се 1.603 лица позитивни на коронавирусот.

Вкупниот број лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 233.745, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 4.749.

Досега оздравеа 191.614 лица позитивни на коронавирусот.


- Уругвај

Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 52 лица од последиците на заразеност со коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи на 1.414.

Во истиот период детектирани се 3.470 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 141.380 од почетокот на пандемијата.

Во Уругвај досега оздравеа 104.434 заразени со Ковид-19.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.