БОГОТА
Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 1.899 лица во Бразил, 341 во Мексико, 297 во Аргентина, 509 во Колумбија, 238 во Перу, 96 во Чиле, 73 во Еквадор, 120 во Парагвај и на 51 лице во Уругвај.
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во оваа земја починале 1.899 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 448.208.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 76.490, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 16.047.439.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 14.462.432 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 341 лице заразени со коронавирусот, а детектирани се 2.586 новозаразени.
Во Мексико досега се регистрирани 221.597 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.395.330, а досега оздравеа 1.912.690 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е трета земја во светот, по САД и Бразил, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 297 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 73.688. Во истиот период детектирани се 32.171 новозаразен, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 3.514.683.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 3.083.298 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 11. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 509 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 84.228.
Во последното деноноќие детектирани се 18.737 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 3.210.787. Во оваа земја досега оздравеа 3.011.234 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 12. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 238 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 1.652 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.920.851, од кои починаа 67.807 лица, а оздравеа над 1.864.045 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 96 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 28.386.
Во истиот период регистрирани се нови 7.514 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.323.413, а оздравеа вкупно 1.252.970 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Еквадор
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 73 смртни случаи, вкупно 20.180 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 1.219 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 417.840.
Досега во Еквадор оздравеа 354.499 лица што биле позитивни на коронавирусот.
- Парагвај
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 120 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 3.228 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 330.457, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 8.235.
Досега оздравеа 272.721 лице позитивни на коронавирусот.
- Уругвај
Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 51 лице од последиците на заразеност со коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи на 3.811.
Во истиот период детектирани се 3.471 лице позитивни на Ковид-19, вкупно 262.009 од почетокот на пандемијата.
Во Уругвај досега оздравеа 224.787 заразени со Ковид-19.