Ekipa
16 Ноември 2022•Ажурирај: 21 Ноември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Кувајт денеска погуби седум лица, што е прва егзекуција во заливската земја од 2017 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Канцеларијата на јавниот обвинител се наведува дека седумте лица биле осудени за убиство со умисла.
Две жени од Етиопија и Кувајт се меѓу погубените лица со бесење, покрај тројца мажи од Кувајт, еден сириски државјанин и еден Пакистанец.
Погубувањата спроведени денеска се први во земјата од 2017 година.