Amir Latif Arain
11 Јуни 2023•Ажурирај: 11 Јуни 2023
АНКАРА (АА) - Земјотрес со магнитуда од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денес северниот јапонски остров Хокаидо, соопшти Јапонската метеоролошка агенција, пренесува Анадолу.
Сè уште не е издадено предупредување за цунами, објави Кјодо њуз.
Земјотресот е регистриран со интензитет од пониски 5 степени според Јапонската национална сеизмичка скала од седум степени во јужните делови на префектурата околу 18:55 часот по локално време, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.