Zylfije Adem Jakupi
27 Мај 2024•Ажурирај: 05 Јуни 2024
ПРИШТИНА (АА) – Статусот на Собранието на Косово денеска беше надграден од набљудувач во придружeн член на Парламентарното собрание на НАТО, јавува Анадолу.
На седницата на Парламентарното собрание на НАТО, што се одржува во Софија, главниот град на Бугарија, мнозинството земји гласаа за унапредување на статусот на Косово во оваа организација.
И претседателката на Косово, Вјоса Османи, ја поздрави одлуката и во објава на социјалните мрежи порача дека НАТО е судбината на Косово.
Парламентарното собрание на НАТО служи како важна врска помеѓу НАТО и парламентите на земјите членки. Се состои од 281 делегат од сите 32 земји членки на НАТО. Покрај нив, во неговите активности учествуваат и делегати од девет придружни земји, четири придружни медитерански земји, како и осум парламентарни делегации - набљудувачи.
Меѓу придружните членки се и Србија и Босна и Херцеговина. Претседателката на српскиот Парламент Ана Брнабиќ во писмото испратено на 26 мај ги повика пратениците на Парламентарното собрание на НАТО да не го одобруваат унапредувањето на статусот на Косово од набљудувач во придружен член.