свет

Колумбија: Се урна трибина за време на борба со бикови, загинаа најмалку пет лица

Цивилната заштита на Толима соопшти дека меѓу повредените има и жени и деца

Sinan Doğan  | 27.06.2022 - Обновена : 29.06.2022
Колумбија: Се урна трибина за време на борба со бикови, загинаа најмалку пет лица

БОГОТА (АА) - Најмалку пет лица загинаа, а над 500 се повредени откако на фестивалот за борби со бикови „Коралеја“ во колумбискиот град Еспинал, се урна трибина на која се наоѓаше публиката, јавува Агенција Анадолија (АА).

Фестивалот традиционално се одржува во градот Еспинал, а за време на овогодинешното издание се урна дел од трибината.

Официјални лица соопштија дека најмалку пет лица загинале, а повеќе од 500 се повредени.

Настана паника кај публиката, а биковите избегаа од арената и излегоа на улиците што доведе до нови хаотична ситуација на улиците.

Се стравува дека бројот на загинати може да се зголеми.

Цивилната заштита на Толима соопшти дека меѓу повредените има и жени и деца.

Надлежните го повикаа населението на смирeност, наведувајќи дека во тек се акции за спасување и помош.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.