Tevfik Durul
06 Август 2017•Ажурирај: 07 Август 2017
ПЕКИНГ (АА) - Кинеските власти упатија апел до меѓународната заедница и до Северна Кореја, дека кризата во врска со севернокорејската нуклеарна закана може да се реши со дијалог, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на официјалната посета на Филипините, шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји во Манила изјави дека санкциите кон Северна Кореја се потребни, но дека тие сами по себе не се конечна цел.
„Нуклеарните закани на Корејскиот Полуостров мора да се решат со дијалог”, изјави Ванг и додаде дека е потребно да се обноват преговорите на шесторката Кина, САД, Русија, Јапонија, Јужна Кореја и Северна Кореја.
Кинескиот министер Ванг, исто така порача дека тензиите на Корејскиот Полуостров може да се намалат само со истовремени потези на страните, односно Северна Кореја да го запре нуклеарниот програм, а САД со сојузниците да ги заврши воените вежби во тој регион.
ОН веќе 11 години спроведува остри санкции кон властите на Северна Кореја, а последниот пакет санкции на Советот за безбедност при ОН беше воведен синоќа.