Ömer Tuğrul Çam
22 Јули 2020•Ажурирај: 23 Јули 2020
БРИСЕЛ
Податоците на Евростат покажуваат дека кардиоваскуларните болести се главна причина за смртта во земјите на Европската унија (ЕУ), јавува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за статистика на Европската унија (ЕУРОСТАТ) објави податоци за модалитетот и причините за смртта во земјите на ЕУ за 2017 година.
Според овие податоци, главна причина за смртта во земјите на ЕУ се болести на кардиоваскуларен систем, додека само во Холандија главна причина за смртта е ракот.
Меѓу земјите на ЕУ најмногу смртни случаи предизвикани од болести на кадриоваскуларен систем забележани се во Бугарија, каде 66 отсто од смртните случаи се поврзани со споменатите болести.
Најмалку смртни случаи предизвикани од болестите на кардиоваскуларен систем забележани се во Данска, каде морталитетот од кардиоваскуарните болести изнесува 23 отсто.
Податоците покажуваат дека морталитетот од рак е највисок во Словенија (32 отсто), додека најнизок е во Бугарија (16 отсто).
Повеќе од 50 отсто од смртните случи во земјите на ЕУ предизвикани се од болестите на кардиоваскуларниот систем и рак.Следуваат болестите на респираторниот систем.
Највисока стапка на морталитет во земјите на ЕУ е забележана во Бугарија (1.631 на 100.000 жители). Следуваат Романија (1.488 на 100.000), Латвија (1.485 на 100.000), Унгарија (1.470 на 100.000) и Литванија (1.418 na 100.000).
Најниска стапка на морталитет е забележана во Франција (838 на 100.000). Следуваат Шпанија (844 на 100.000), Италија (875 на 100.000), Луксембург (911 на 100.000), Шведска (916 на 100.000) и Малта (927 на 100.000).