Zeynep Hilal Karyağdı
16 Ноември 2020•Ажурирај: 20 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ
Али Мухјидин ел-Карадаги, генералниот секретар на Светската унија на исламски научници (IUMS) истакна дека Соопштението на Високиот совет на научници од Саудиска Арабија во која смета дека Организацијата „Муслиманско братство“ (Ихван) е „терористичка организација“ го задоволи само Израел, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Карадаги реагираше до Високиот Совет, откако израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека е задоволна од тоа што Високиот совет на научници од Саудиска Арабија ја смета Организацијата „Муслиманско братство“ (Ихван) за „терористичка организација“.
Споделувајќи ја изјавата на Израел на својот профил на социјалната мрежа Твитер, Карадаги рече: „Изјавата на Високиот совет на научници од Саудиска Арабија не е прифатена од исламскиот свет. Изјавата ја задоволи ционистичката формација која ги зазеде териториите на Арапите и муслиманите, Кудс и Месџид-и Акса.“
Високиот совет на научници од Саудиска Арабија во писмената изјавата на 10 ноември истакна: „Ихван е насилна терористичка група која не го претставува исламот, изопачена е, се спротивставува на владетелите, предизвикува бунт.“