Seyit Aydoğan
30 Август 2021•Ажурирај: 31 Август 2021
ТОРОНТО (АА) - Канада ќе преговара со талибанските официјални претставници за безбедна евакуација на канадските државјани и авганистанските бегалци од Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Канадскиот министер за надворешни работи, Марк Гарно, во текот на гостувањето во телевизиска програма изјави дека економската помош е важен механизам на Канада против талибанците и дека таа помош ќе ја користат како алат за да обезбедат сигурна евакуација на луѓето од Авганистан.
Тој истакна дека нивниот главен приоритет во преговорите со талибанците ќе им овозможи безбедна евакуација на Авганистанците кои сакаат да ја напуштат државата.
„Дијалогот со талибанците ќе се одржи во следните денови мултилатерално со многу земји. Главниот приоритет во преговорите ќе биде да се овозможи безбедно излегување на Авганистанците од земјата. Ова е она за што се согласуваат сите и она што ние би го изложиле како барање до талибанците. Не знаеме како тие ќе реагираат на ова, но тоа е главниот фокус на разговорите со талибанците во наредните денови“, рече Гарно.
На 26 август, Канада ја заврши евакуацијата од Авганистан од безбедносни причини.