Riyaz Khaliq Khaliq
29 Декември 2022•Ажурирај: 30 Декември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 10 лица загинаа, а 30 се повредени во големиот пожар што зафати зграда во казино во Камбоџа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Властите во градот Попет во западната провинција Бантеај Менчеј, долж границата со Тајланд, денеска соопштија дека најмалку 10 лица загинале во пожар што го зафатил хотел-казиното „Гранд дајмонд сити“.
„Повеќе од 400 вработени биле во казиното кога пожарот ја зафатил зградата“, објави „Кмер тајмс“ (Khmer Times).
Повеќето од оние што останаа заробени во зградата се државјани на Тајланд.
Во тек е голема операција на спасување.
Причината за пожарот не е позната бидејќи сѐ уште не е целосно изгаснат.