Калифорнија се справува со штетите од бурата
- По обилните дождови, поплави и свлечишта за време на божиќните празници, американските власти ја проценуваат штетата и предупредуваат за нови ризици
САН БЕРНАРДИНО (АА) - Акциите за чистење и проценка на штетите се во тек низ американската држава Калифорнија откако силните бури предизвикаа обилни дождови, поплави и свлечишта за време на божиќните празници, известува Анадолу.
Противпожарната служба на Сан Бернардино ги интензивираше напорите на терен откако надојдените води се повлекоа од поплавените подрачја. Службениците ја отстрануваат калта и другиот отпад и вршат инспекции за да го утврдат целосниот обем на материјалната штета во целиот регион.
Повеќе од 150 пожарникари се на терен подготвувајќи се за дополнителни врнежи од дожд што се очекуваат во наредните денови, објави портпаролот на противпожарната служба на округот Сан Бернардино, Шон Милерик.
Силните бури што ја зафатија Калифорнија во текот на божиќната недела одзедоа најмалку три животи, објавија американските медиуми.
Поради влошување на ситуацијата, гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, прогласи вонредна состојба за Лос Анџелес и неколку други окрузи во среда.
Американскиот центар за временски прогнози предупреди дека сè уште постои можност од широко распространети поплави, при што многу потоци и реки се изложени на ризик да достигнат критични нивоа, што би можело да ги загрози и поголемите водотеци.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
