Zehra Ulucak
03 Септември 2019•Ажурирај: 03 Септември 2019
ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) - На отворено море во американската сојузна држава Јужна Калифорнија избувна пожар на брод со нуркачи. Во пожарот животот го загубија 25 лица, а крајбрежната стража ги продолжува своите спасувачки операции во потрага по деветтемина исчезнати, јавува Anadolu Agency (AA).
Метју Крол, од единицата на американската крајбрежна стража, информираше дека во пожарот што избувнал на бродот што го користеле нуркачи, животот го загубиле 25 лица.
Крол изјави дека се спасени петтемина припадници на екипажот кои за време на пожарот се наоѓале на палубата од бродот и скокнале во морето. Тој додаде дека продолжуваат спасувачките операции за пронаоѓање на деветтемина исчезнати.
- Бродот се запалил во близина на островот Санта Круз
Портпаролот на единиците на американската крајбрежна стража Моника Рочестер изјави дека синоќа во 3:15 часот од засега непознати причини избувнал пожар на бродот на кој се наоѓале 39 лица, од кои 6 члена на екипажот и 33 патници.
Портпаролката Рочестер соопшти дека бродот „Conception“, со должина од 23 метри, се запалил на отворено море, на оддалеченост од 32 километри од островот Санта Круз. „Последното нешто што би го посакале на еден брод е пожар, затоа мораме да бидеме подготвени за најлошата ситуација“, изјави Рочестер.
Од друга страна, во вестите објавени во американските медиуми се наведува дека пожарот избувнал поради експлозија на една пропанска боца, но властите засега не ја потврдија таа информација.