Ekipa
28 Јули 2018•Ажурирај: 28 Јули 2018
РЕДИНГ (АА) - Противпожарната служба на Калифорнија (Cal Fire) соопшти дека големиот пожар во северниот дел на земјата уништил 500 објекти, и дека се загрозени уште 5.000, пренесува Anadolu Agency (AA).
Противпожарната служба на Калифорнија вчера ги објави информациите за запалените објекти, а се очекува дека бројот на изгорените градби ќе се зголеми. Вчера претходно, официјални претставници на Противпожарната служба објавија дека пожарот кој брзо се шири во округот Шаста уништил 65 објекти.
Пожарот до синоќа се прошири на површина од 194 квадратни километри. Пожарот изби во понеделник, а во четвртокот потполно излезе од контрола, уништувајќи две мали општини и достигнувајќи до градот Рединг.
Десетици илјади лица го напуштија градот поради страв за нивниот живот од пожарот во кој загинаа двајца пожарникари.