Fatma Esma Arslan
20 Јуни 2016•Ажурирај: 21 Јуни 2016
ПАРИЗ (АА) – Градската општина во Париз, излезе со апел до синдикатите да престанат со организирање на маршовите во знак на протест за донесената предлог резолуција за измена во законот за работни односи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во денешото соопштение од Општината се повикува на потребата од позиционирање на учесниците на само едно одредено место, за време на Протестниот марш, кој ќе се одржи на 23 април, за кога е предвидено движење на демонстрантите од Плоштадот Бастилја кон Плоштадот на Нацијата.
Најголемата работничка конфедерација во Франција ЦГТ, го потврди примањето на апелот на 16-ти јуни, истакнувајќи дека сеуште нема испратен одговор на истиот од нивна странa.
Инаку, околу 40 лица, од кои 27 полицајци беа повредени во судирите меѓу полицијата и протестантите, кои настанаа за време на главните протести во Париз. Демонстрантите во текот на движечката маршута, ги искршија прозорците од Некер детската болница, при што беа нанесени штети на многу работни места.
Француската банкарска Асоцијација, пак, излезе со податок дека за време на работничките протести, билa нанесена штета на вкупно 300 експозитури на банки.
Полицијата исто така алудира на можната забрана за одржување на протестите, доколку бидат повторени настаните на насилство за време на истите.
Зголемување на 12 од досега дозволените 10 работни часа дневно, можност за бркање од работа на оние кои ќе побараат измени во договорот за работа, намалување на минималниот број на неделно работните часови за вработени со скратено работно време од досегашните 24, помала платеност на прекувремената работа, се дел од ново прифатените мерки за измени во законот за работни односи, кој е предмет на општо несогласување.
Синдикатите и работничките организации се цврсти во својот став за нивно неоткажување, се додека не биде повлечена предлог резолуцијата од Владата.