Ekipa
24 Август 2017•Ажурирај: 25 Август 2017
МИЛАНО (АА) - Италијанската полиција денес се судри со мигрантите кои на еден помал плоштад во Рим протестираа поради наредбата да ја напуштат зградата во којашто се вселија пред неколку години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Судирот изби кога група мигранти почнале да ја гаѓаат полицијата со камења, шишиња и со лименки. За да ги растера демонстрантите и да го изгаси пожарот подметнат во кантите за ѓубре, полицијата употреби воден топ.
Од полицијата истакнаа дека интервенцијата била неопходна поради тоа што мигрантите одбивале да го прифатат сместувањето што го обезбедија градските власти, но и поради отстранувањето на останатите лесно запаливи материјали на плоштадот недалеку од главната железничка станица во Рим.
Две лица се уапсени, соопшти полицијата.
Десетици мигранти протестираат поради нивното иселување од зграда во Рим во којашто живеат во последните пет години, а од таму полицијата ги исфрли минатата сабота.
Наредбата за иселување се спроведува во рамките на зајакнатите безбедносни мерки.
Во изминатите четири години, во Италија стигнаа речиси 600.000 мигранти, а поголемиот дел од нив тргнаа од либискиот брег.