Büşra Selvi Öğütcen
12 Јули 2016•Ажурирај: 13 Јули 2016
МИЛАНО (АА) - На југот од Италија, во регионот Пуља, во судирот на два патнички воза, бројот на загинати се зголеми на 20 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Заменикот-градоначалник на градот Андрија, Џузепе Корадо, за локалните медиуми изјави дека на регионалната железничка линија меѓу градовите Андрија и Корадо, близу Бари, се случила железничка несреќа во која животот го загубиле 20 лица.
Беше речено дека најмалку двајца патници се извлечени од двата воза кои носеле по четири вагони.
Премиерот на Италија, Матео Ренци, го изрази своето жалење за загинатите и рече дека побарал продолжување на истрагата до откривање сè до откривањето на причините за несреќата.
Шефот на полицијата на Андрија, Рикардо Зингаро, за еден телевизиски канал изјави дека несреќата претставува „голема трагедија".
Зингаро истакна дека топлото време го отежнува спасувањето на повредените од вагоните и дека поради целосно уништените вагони имаат потешкотии во извлекување на настраданите.
Претседателот на општината Масимо Мацили, од својот профил на социјалната мрежа напиша: „Оваа катастрофа е како авионска несреќа".
Генералниот директор на железничка компанија „Феротрамварија” Масимо Нити за државната италијанска телевизија изјави дека сѐ уште се истражуваат причините за несреќата, но додаде дека двата воза не требало да се најдат во исто време на исто место.
Двата воза воглавно пренесувале лица и студенти од околината.
Се претпоставува дека откако ќе бидат отстранети остатоците од вагоните, бројот на загинати ќе се зголеми.