Ali Abo Rezeg
14 Јули 2016•Ажурирај: 15 Јули 2016
БАГДАД (АА) - Ирачкиот премиер Хајдар ел-Ибади денес го назначи високиот генерал на армијата, Џалил Џабар за командант на Оперативната команда на водечката армија на Багдад, која е одговорна за надгледување на безбедноста на ирачкиот главен град склон кон насилства, јавува Anadolu Agency (AA).
Џабар го наследи генералот Абдул Амир ал-Шамари, кој беше разрешен од функцијата минатата недела, по големиот бомбашки напад што се случи во централен Багдад во кој загинаа речиси 300 лица.
„Високиот генерал Џабар е високопрофесионален лидер“, за АА изјави Маџид Џабар, член на комитетот за безбедност и одбрана на ирачкиот Парламент.
„Безбедноста во градот може да се одржи само преску блиска соработка меѓу Оперативната команда на Багдад и другите безбедносни агенции”, додаде тој.
Минатонеделниот катастрофален бомбашки напад со автомобил, за кој одговорност презеде терористичката група ДАЕШ, се смета како најголем и најкрвав терористички напад што го погоди Ирак уште од инвазијата на земјата предводена од САД во 2003 година.