Muhammet Kurşun
18 Јуни 2021•Ажурирај: 19 Јуни 2021
ТЕХЕРАН (АА) - Низ Иран утринава во 7:00 часот по локално време се отворени гласачките места на 13. претседателски избори во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Изборниот центар на Министерството за внатрешни работи на Иран, во државата со приближно 83 милиони жители, право на глас имаат 59.310.307 гласачи, 29.980.038 мажи и 29.330.269 жени.
Процесот на гласање, кој започна во 7:00 часот по локално време, ќе заврши во 20:00, но тој период со одлука на Изборниот центар може да се продолжи за уште неколку часа, доколку биде потребно.
Се очекува дека првите податоци за резултатите на изборите ќе бидат објавени веќе по полноќ, а комплетното пребројување на гласовите би требало да биде готово до утре напладне.
Вкупно се потврдени седум кандидати во трката за претседател на државата, меѓу кои конзервативниот парламентарец Алиреза Закани, додека поранешниот генерален секретар на Врховниот совет за национална безбедност, главниот нуклеарен преговарач Саид Џалили и реформистичкиот поранешен потпретседател Мухсин Михрализаде ги повлекоа кандидатурите.
Во согласност со тоа, во трката за претседател останаа четворица кандидати, и тоа поранешниот генерален заповедник на војската на Револуционерната гарда, Мохсен Резае, пратеникот Емир Хосин Кадизаде Хашеми, шефот на правосудството, Ибрахим Риси и реформистот поранешен гувернер на Централната банка, Абдунасир Химети.
Во Иран претседателскиот мандат трае четири години, а едно лице може да биде избрано на таа должност најмногу двапати по ред. Претседателот Хасан Рохани поради тоа не можеше да биде кандидат.
Кандидатите мора да добијат 50 + 1 отсто од гласовите за да бидат избрани во првиот круг. Доколку во првиот круг нема кандидати со повеќе од 50 + 1 отсто, двајцата кандидати кои ќе добијат најмногу гласови одат во вториот круг, а победникот ќе стане осми претседател на државата.
Поради ветото на реформистите, се смета дека конзервативниот кандидат Ибрахим Раиси ќе победи на изборите во првиот круг и ќе стане претседател.
Речиси 75 отсто од 80.000 луѓе постари од 19 години кои учествуваа во истражувањето кое го спроведе холандската „Iranians Survey Group“ (GAMAAN) изјавија дека нема да излезат на гласачките места, додека 18 отсто изјавија дека ќе гласаат, а 6 отсто беа неодлучни.