Ahmet Dursun
03 Јануари 2020•Ажурирај: 04 Јануари 2020
АНКАРА
Иранскиот лидер, Али Хаменеи, во изјавата за убиството на иранскиот генерал, Касим Сулејмани, во нападот извршен од страна на САД, истакна: „Виновниците ги чека горка одмазда“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Хаменеи даде изјава во врска со убиството на командантот на Ерусалимските сили поврзани со Иранската револуционерна гарда во Багдад, за време на американскиот напад.
Во соопштението, Хаменеи, испраќајќи сочувство до блиските на Сулејмани и народот на Иран, рече: „Со неговата смрт нема да запре неговата работа и нема да биде затворен неговиот пат. Виновниците ги чека горка одмазда.“
Хаменеи, исто така, истакна дека во земјата прогласил тридневна национална жалост.