свет

Иран ќе ја испрати во Украина црната кутија од соборениот патнички авион

Патничкиот авион на „Украиниан ерлајнс“, „боинг 737“, што требаше да лета кон Киев на 8 јануари, падна недолго по полетувањето од аеродромот „Имам Комеини“ во Техеран. Загинаа 176 лица

Ahmet Dursun  | 18.01.2020 - Обновена : 21.01.2020
Иран ќе ја испрати во Украина црната кутија од соборениот патнички авион

АНКАРА (AA) - Иран ќе ѝ ја испрати на Украина црната кутија од авионот на „Украиниан ерлајнс“, што го собори по грешка, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Челникот на Комисијата за истражување несреќи при Управата за цивилна авијација на Иран, Хасан Резајифер, рече дека црната кутија од авионот што беше погоден на 8 јануари во Техеран ќе биде испратена во Украина.

Појасни дека одржале состанок со експертите кои допатуваа од Украина поради истрага на несреќата.

„Црната кутија на авионот нема да биде прочитана во Иран. Црната кутија, на барање на Украинците, ќе биде испратена во таа земја“, рече Резајифер.

Додаде дека одлучиле црната кутија со помош на експертите од Франција, Канада и САД првин да биде анализирана во Киев.

„Доколку не успеат во тоа, црната кутија ќе биде испратена во Франција“, додаде Резајинфер.

Патничкиот авион на „Украиниан ерлајнс“, „боинг 737“, што требаше да лета кон Киев на 8 јануари, падна недолго по полетувањето од аеродромот „Имам Комеини“ во Техеран. Загинаа 176 лица.

Генералштабот на Иран на 11 јануари соопшти дека одбранбениот систем, поради човечка грешка, го соборил патничкиот авион додека прелетувал над чувствителна воена точка.

Само неколку часа пред соборувањето на авионот, Иранската револуционерна гарда изведе ракетен напад врз американските бази во Ирак.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.