Mustafa Melih Ahıshalı
11 Јули 2018•Ажурирај: 12 Јули 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Во иранскиот град Санандаџ, цистерна со нафта удри во автобус. Во несреќата животот го загубија најмалку 16 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информативната интернет-страница „Ентекхаб“, во врска со несреќата која се случи синоќа на полноќ изјава дал шоферот на автобусот.
Шоферот кажал дека автобусот бил паркиран и дека во несреќата животот го загубиле 15 од 17 патници.
Според информациите добиени од очевидците, во близина на терминалот во Санандаџ, автобусот бил паркиран на булевар за да земе патници, а цистерната со нафта удрила во автобусот по што настанала силна експлозија во која животот го загубил и шоферот на цистерната.
Во објавените вести не се изнесени податоци за повредените.
Се истакнува дека експлозијата и настанатиот пожар предизвикале оштетување на голем број возила во близина.