свет

Иран со предупредување дека ќе се повлече од нуклеарниот договор

Претседателот на Комисијата за нуклеарната програма при иранското Собрание рече дека доколку не се преземат потребните чекори во рок од 60 дена, дополнителниот протокол кој овозможува строги инспекции на договорот ќе биде суспендиран

Muhammet Kurşun  | 17.06.2019 - Обновена : 18.06.2019
Иран со предупредување дека ќе се повлече од нуклеарниот договор

ТЕХЕРАН (АА) - Претседателот на Комисијата за нуклеарната програма при иранското Собрание, Муџтеба Зунур, рече дека ако страните од нуклеарниот договор не ги преземат чекорите што ги сака Иран, на дневен ред ќе се донесе прашањето за повлекување од Договорот за спречување на ширењето на нуклеарното оружје, пренесува Anadolu Agency (AA).

Зборувајќи за локалните медиуми во Иран, Зунур го оцени 60-дневниот период што администрацијата на Техеран ја даде на страните кои се дел од нуклеарниот договор. 

Зунур рече дека доколку не се преземат потребните чекори во рок од 60 дена, што ќе истечат на 8 јули, дополнителниот протокол кој овозможува строги инспекции на договорот ќе биде суспендиран. Тој, исто така, нагласи дека тековната соработка со Меѓународната агенција за атомска енергија (UAEA) ќе биде разгледана повторно, и дека на дневен ред ќе дојде повлекување од Договорот за спречување на ширењето на нуклеарното оружје. 

Истакнувајќи дека Европската Унија (ЕУ) има трговска размена со Соединетите Американски Држави (САД) во вредност од 900 милијарди долари, Зунур рече: „Европа во никој случај нема да жртвува 900 милијарди долари за 20 милијарди. Нуклеарниот договор е во интерес на ЕУ, но не сакаат да платат цена за тоа“.

Иранскиот претседател Рохани на 8 мај рече дека суспендираат дел од нивните обврски од нуклеарниот договор и дека на страните од договорот дадени им се 60 дена да преземат мерки за заштита на интересите на Иран. 

Договорот за забрана на нуклеарно оружје, чија цел е уништување на нуклеарното оружје низ светот и забрана на ново, беше усвоен во јули 2017 година со поддршка од 122 земји. 

Постојаните земји членки на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), САД, Велика Британија, Русија, Франција и Кина, кои имаат нуклеарно оружје, се спротивставија на договорот и не учествуваа во преговорите и гласањето. 


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın