Muhammet Kurşun
22 Декември 2021•Ажурирај: 23 Декември 2021
ТЕХЕРАН
Пет лица загинаа, а 15 се повредени при уривање на зграда во иранскиот град Тебриз. Уривањето на зградата го предизвикала експлозија на природен гас, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите што ги објавија иранските државни медиуми, синоќа настанала експлозија на природен гас во петкатница во центарот на градот Тебриз, по што зградата се урнала.
Досега под урнатините се извлечени телата на 5 лица, а во тек се операции за откривање на евентуално преживеани лица заробени под остатоците на зградата.
Во оваа несреќа повредени се 15 лица.